Воланот на автобусот се блокирал, а некој од патниците се обидувал да му помогне да го задржи правецот, дознава 24 Инфо од местото на несреќата.

Таму утрово се врати еден од патниците на автобусот на „Дурмо турс“, откако вчера поминал со полесни повреди. Според него, најмногу настрадале патниците кои биле во задниот дел од автобусот и нив не им имало спас. 

Loading...

– Не знам што се случи. Бев на третото седиштето и станав кога почнал да се тресе автобусот. Мислев дека на возачот му се слошило, но беше добар и се обидуваше да го исправи автобусотот откако изгуби контрола, но му се блокиралше воланот.

“Се се случи многу брзо, се обидов да му помогнам и заедно го вртевме воланот, но не успеавме. Кога сфатив дека е доцна само се фатив за нешто за да не летнам и тоа беше се” раскажа патникот Бејтула Муриу врaботен во министерството за економија.

Први дотрчале жителите на околните куќи, меѓу нив беше и човекот, кој ја извадил патничката кој подоцна почина во болница. И тој беше премногу потресен за да раскаже детално што се случило. Освен селаните, на настраданите им помагале и патници кои во моментот возеле по автопатот.

Интензивно се работи на утврдување на сите детали кои можат да ги откријат причините за несреќата. Со оглед на тежината на настанот и обемот на истражни дејствија кои ќе се преземат во претходна постапка во постапувањето по овој предмет е вклучен и втор јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, велат од ОЈО Скопје.

Фото: СДК Ѓ. Личовски

„Возачот кој управувал со автобусот е хоспитализиран и се здобил со телесни повреди. Веднаш по несреќата јавниот обвинител имаше првичен разговор со него и притоа тој не даде релевантни податоци за целиот настан.

Јавниот обвинител усно е известен дека анализата на примероци на крв и урина покажала дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции.

Со барање на листинзи од мобилен оператор ќе се утврдува дали возачот во моментот на несреќата користел мобилен телефон“, најавува ОЈО Скопје.

„Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој преминувајќи преку двете сообраќајни ленти излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат е подигнат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детално техничко вештачење од страна на Машинскиот факултет во Скопје.

Заради правилно утврдување на фактите, денеска на местото на несреќата беше присутна и екипа на Машинскиот факултет која ги направи првите проверки на исправноста на возилото. Од досегашните сознанија утврдено е дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година“, соопшти ОЈО Скопје.

На Институтот за судска медицина, по наредба на јавниот обвинител извршена е обдукцијата на 13 од починатите лица, додека за едно лице обдукцијата е во тек.

Извор: сител.мк 24инфо.мк сдк.мк gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here