На денешен ден пред 27 години почина легендарниот Фреди Меркјури

0
25

Легендарниот Фреди Меркјури, фронтменот на групата „The Queen“ го напушти овој свет на денешен ден, пред 27 години. Сè уште не се родил некој со харизма, енергија, специфичен вокал и оригинален перформанс какви што имаше тој.

За Фреди Меркјури се вели дека беше најдобриот пејач на сите времиња.

Loading...

Се родил во 1946-та година, а со музика започнал професионално да се занимава во 1969-та година. Со групата „Queen“ снимил 18 албуми, а бројни хитови кои тој ги отпеал и денес се слушаат на радио. Го слушаат луѓе од 7 до 77 години.

Собирал поштенски марки, обожувал мачки, а сакал и да се забавува.

Иако на сцена беше многу енергичен, во приватниот живот бил многу срамежлив. Починал од бронхитис, предизвикан од СИДА.

Само 24 часа пред смртта, објавил дека ХИВ тестот бил позитивен. Не сакал никој да знае каде се наоѓа неговата урна со пепел, освен неговата некогашна девојка Мери Остин.

Во својот тестамент напишал дека сака Остин да се погрижи за пепелта и никогаш никој да не дознае што се случило со урната, односно каде се наоѓа таа. И покрај сите притисоци, Мери оваа задача ја исполнила докрај.

Да се потсетиме на некои легендарни хитови од групата „Queen“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here