Силно невреме ја зафати денеска Словенија и источна Хрватска, а во текот на вечерта се очекува облаците да се поместат кон исток.

Словенечкиот метеоролошки завод го подигна нивото на највисоко црвено, пренесува Хина.

Loading...

Локалните словенечки медиуми пренесуваат дека најлошо било на границата со Хрватска.

Невремето уништило автомобили и кровови, а голема штета е направена и на земјоделските површини.

Според словенечките медиуми станува збор за атипична олуја која се јавува само неколку пати годишно.

https://www.facebook.com/armin.zepic.7/videos/173886150119952/

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here