Не помина долго од последниот пад, Фејсбук и Инстаграм повторно паднаа во целиот свет

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се паднати насекаде во светот. Голем број корисници не можат да пристапат до мрежите и својата лутина ја истураат на Твитер.

Корисните на југ и југоисток на Велика Британија забележале проблеми на социјалните мрежи околу 16 часот, а потоа, како што наведува британски Мирор, и граѓаните на САД, Бразил, Перу, Колумбија, Мексико и делови од Европа, кои масовно изразувале негодување поради нефункционирањето на Инстаграм и Фејсбук.

Loading...

На страниците на двете социјални мрежи се појавува порака дека дошло до грешка која се појавува во момент кога корисниците се обидуваат да им пристапат.

Засега не е јасно што е проблемот кој ги зафати и корисниците од Македонија повеќе од 6 часа. Некои од корисниците не можат да се постираат ниту фотографии, ниту статус или да се споделат некоја содржина.

Од Фејсбук им се извинуваат на сите корисници на нивната мрежа и на апликациите , поради тоа што има технички проблем. Во целиот свет се пријавени проблеми во исто време , околу 17.30 часот , а од компанијата на Твитер најавија дека наскоро ќе го решат проблемот.

Преоблемот и после повеќе од 7 часа не е решен.

Последниот поголем пад на овие социјални мрежи беше на 20 ноември 2018 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here