“Не се секирај за ништо, се ќе биде океј” Катица во ново видео, од четири аудиоснимки од разговори меѓу Камчев и Боки

Италијанскиот весник „Ла Верита“ утринава објави ново видео, составено од четири нови аудиоснимки од разговори меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“.

Првин, двајцата разговараат како се пакувани парите и во каква торба се ставени, а потоа Камчев го прашува Боки 13 дали во играта со нив е влезена и обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот на СЈО „Империја“, во кој тој е првоосомничен и за кој е во куќен притвор. Но, според разговорот од снимката, не добива потврден одговор од Боки 13.

Loading...

Во последниот разговор, се слуша женски глас од телефонот на Боки 13, кој му вели на Камчев да не се секира за ништо, дека сѐ ќе биде ок. Новинарот вели дека најверојатно тоа е гласот на Јанева

извор:сдк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here