24 C
Skopje
Friday, August 23, 2019
Home Видео Нова песна од Ѓоко Јовиќ што ќе го расплаче секој Македонец!

Нова песна од Ѓоко Јовиќ што ќе го расплаче секој Македонец!

“За Велигден” е најновата песна на Ѓоко Јовиќ, за која што сними и спот во соработка со ИН Продукција. Како што вели Ѓоко при интервјуто, снимањето помина во одлична атмосфера, а интересно е тоа што во видеото за првпат се појавува и неговото семејство.

Ѓоко Јовиќ, кој важи за еден од надобрите вокали во земјава и пошироко подготви уште една песна на која што никој нема да остане рамнодушен. Песната носи наслов “За Велигден”, а за истата вчера излезе и спотот.

Loading...

-Снимањето помина возбудливо како и секојпат, со убави емоции и на природен начин. Со оглед на тоа  што и моето семејство е вметнато во овој спот, се потрудивме со сите наши емоции и добри мисли за овој спот да излезе во најдобар ред и се надевам дека на публиката ќе и се допадне.-истакна Ѓоко при интервју за ИН ТВ.

Овој спот ќе биде малку поразличен од останатите, пред се поради тоа што во видеото се појавуваат неговите три дечиња Теодора, Михаил и најмалиот Јоан, како и неговата прекрасна сопруга Ивана, кои доста добро и природно си ја одиграа својата улога. Снимањето се одвиваше во домот на Ѓоко и Ивана, како и во домот на нивната баба која истотака е дел од ова видео.

-Мене ми беше доста возбудливо, воедно и многу природно затоа што беше во наши секојдневни услови, не морав да глумам. Тоа е нешто што секој ден ни се случува и беше навистина интересно.-вели Ивана, неговата сопруга.

Како автор на музиката за песната “За Велигден” се појавува самиот Ѓоко, текстот е дело на Александар Стефановски, а за аранжманот се погрижи Дамир Имери. Ѓоко во интервју раскажа како дошла идејата за снимање на оваа песна.

-Ова се моменти кои што не секогаш извираат. Мојот другар Александар ми се јави и ми вели…”Ѓоко јас имам еден прекрасен текст кој што навистина само тебе те пронаоѓа.” Тоа беше можеби 12 часот по полноќ и јас во моментот кога го прочитав текстот станав, ја искомпонирав и сабајлето до 5-6 часот песната веќе беше готова.-открива Јовиќ, за естрадниот магазин Естрада плус.

Неговите очекувања се дека песната ќе биде доста добро прифатена и верува дека ќе и се допадне на пошироката јавност, бидејќи како што вели, во неа има посебна тежина и вистина.

Извор: ИН ТВ Радио Кавадарци Естрада плус

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here