ОБЈАВЕНО ВИДЕО И ДЕЛ ОД РАЗГОВОРОТ КАКО БОКИ 13 ГИ ЗЕМА ПАРИТЕ ОД КАМЧЕВ

Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео и дел од разговорот како Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев, што е предмет на истрагата „Рекет“ на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во видето, првин се гледа како се бројат пари, а потоа како Камчев ги испраќа Боки 13 и Зоки Кичеец со торба. На крајот има и аудиоснимка, на која Боки 13 му најавува на Камчев дека ќе биде ослободен во понеделник, најдоцна вторник, а Катица Јанева нема да употребува вонредни правни лекови да одолговлекува.

Loading...

Според датумот на снимката, видеото е снимено на 20 февруари годинава, а Камчев со одлука на Врховниот суд беше ослободен од куќен притвор на 4 март.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, не прецизираат дали им е позната и дали ја имаат како доказен материјал видео снимката што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“.

Транкрипт од аудиоснимката на крајот од видеото:

Транкрипт од аудиоснимката на крајот од видеото:

Боки 13: Во понеделник ќе ве ослободат.

Камчев: Добро.

Боки 13: Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.

Камчев: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник.

Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби.

Камчев: А Апелација?

Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продолжува, да го одолговлекува, понеделник вторник, вие сте на слобода.

Извор: сдк.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here