Овие познати двојки се запознале преку социјалните мрежи (ФОТО)

Извор: Убавина и здравје

Во добата кога технологијата од ден на ден има се’ поголемо влијание врз нашите животи, не изненадува фактот што голем број познати чиности токму преку Твитер, Фејсбук и Инстаграм ги пронашле своите идеални половини…. или барем мислеле така додека љубовта им цветала. Ова се дел од нив…

Loading...
Виз Калифа и Амбер Роуз

Раперот откри дека уште пред да ја запознае бил вљубен во Амбер, па и’ пишал на социјалните мрежи. Се запознаа, се засакаа, се венчаа, го добија синот Себастијан, но на крај се разведоа. Сепак, се’ уште се добри пријатели.

Рита Ора и Калвин Харис

Нивната љубовна врска одамна „пукна“, а почна токму на Твитер. Таму и заврши, бидејќи и двајцата си разменија доста „остри“ зборови еден на друг на социјалната мрежа.

Биг Шон и Наја Ривера

Младата актерка и раперот комуникацијата ја почнале на Твитер. Потоа се запознале и почнале врска, и Шон ја побарал Наја за жена. Сепак, не се венчаа, бидејќи раскинаа пред да го изговорат судбоносното „да“.

Даниела Цезар и Џејк Т. Остин

Нивната приказна е доста интересна. Даниела му била голема обожавателка на младиот актер и пет години му пишувала на Твитер. Џејк конечно се заинтересирал за својата обожавателка и почнале љубовна романса.

Иги Азаела и Ник Јанг

Раперката и кошаркарот веќе не се заедно, но нивната врска почнала со разменување пораки и флертување на Твитер. Врската им заврши на Инстаграм, а во трогателната објава Иги објасни дека не може да биде со спортистот, иако го сака многу.

Џај Брукс и Аријана Гранде

Нивната врска траеше до 2014 година, а почна со виралното видеообраќање на Брукс во кое објаснува зошто токму тој треба да и’ биде момче на младата пејачка.

Ајрланд Болдвин и Слејтер Таут

Ќерката на Алек Болдвин се вљуби во популарниот веслач по разменување романтични пораки на Твитер. Веќе не се заедно, но беа слатка двојка со сладок почеток на љубовната врска.

Рики Мартин и Џоан Џозеф

Рики прво ги забележал неговите уметнички дела, но кога видел колку е сладок уметникот, закажал состанок со него. Нивната врска е крунисана со брак.

Извор: убавина и здравје

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here