Овој викенд “шопска свадба” во Куклица со вистински младоженци од Кратово

Петата традиционална манифестација “Шопска свадба” ќе се одржи во сабота (28.09.2019) во 12 часот на добро познатиот локалитетот Камени Kукли кај кратовското село Куклица, место познато како Весела скаменета свадба која содржи 150 камени кукли како дар од природата.

Организатор е Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ од Куманово.

Loading...

Пред три години, на Шопска свадба во вистински брак стапија Александар Петров од Неготино и Даниела Ангеловска која потекнува токму од селото Куклица. Кум беше амбасадорот на Полска во Македонија Јацек Мултановски.

Александар Петров и Даниела Ангеловска

Минатата година  вистински младенци немаше, туку членови на културно-уметнички друштва од Куманово и Кратово само сценски ја илустрираа Шопската свадба. А кума беше пејачката Благица Павловска.

Оваа година за разлика од претходната повторно ќе има вистински младоженци, тоа ќе бидат Милена и Ивица Павловски од Кратово.

На овој настан ќе бидат промовирани и неколку изворни песни од Кратовскиот регион, кои за прв пат ќе бидат објавени на носач на звук.

Вечерта на 28.09.2019 со почеток од 19 ч. по втор пат ќе се одржи настанот “Вечерен танц на куклите”.

Александра Коцевска-мецосопран и професор по соло пеење со пријателите ќе одржи целовечерен концерт со интересна програма. На овој настан, ќе бидат промовирани две кратовски песни, една народна песна и една градска песна во класична верзија. За сите три нови песни ќе има интересен танго перформанс во аранжман на Сашо Ливрински.

На овој настан ќе настапат и Кратовските тамбураши со изведба на песната “Моме седи на пенџере”, истата песна ќе биде изведена и од Александра Коцевска по придружба на кларинет, пиано и виолина.

Распеани Кратовчани – Моме седи на пенџере 1971

Невестата да пристигне со коњ, а младоженецот тазе избричен од другарите и накитен со пари ја побарува за жена од мајка ѝ, се главните обичаи на традиционалната Шопска свадба. 

„Има повеќе обичаи како единствени што се карактеристика за шопската свадба. Таа се прави во време кога завршуваат сите жетвени и други работи на поле. Учениците ја донесуваат радосната вест, дека доаѓаат со невеста и ја даруваат со многу дарови што на други места како традиција ја нема“, вели Драган Митевски претседател на Здружението „Етно ризница“ од Куманово.

Користени извори: Tourist guide Kratovo, opstinakratovo.gov.mk, sdk,

Фото Галерија – Оливер Арсовски – аберџија.ком

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here