Овој пар засади над 2 милиони дрвја и направи животните да се вратат во шумата

Фото: Рикаро Белиел

Поради интензивното уништување на шумите, секоја година губиме илјадници хектари шума, предизвикувајќи многу животни да ги загубат своите живеалишта. За жал, само неколку дрвца или воопшто не се засадени после сечењето.

Сепак, се уште постојат луѓе кои прават се од себе за да го обноват она што дрвната индустрија толку лесно го уништува.

Loading...

Бразилски пар – фотографот Себастијао Салгадо и неговата сопруга Лелија Делуиз Ваник Салгадо – поминаа 20 години во обновување на уништена шума а нивната приказна ќе ве инспирира и вие да се приклучите и да направите нешто добро за планетата.

Себастијао е еден од најпознатите Бразилски фоторепортери, чии фотографии се појавија во бројни публикации а ги освоил речисити сите престижни награди од неговото поле.

Фото: Фејсбук

Откако патувал низ целиот свет за да фотографира, фотографот конечно се вратил дома во Бразил во 90-тите. Тој штотуку го завршил фотографирањето на ужасниот геноцид во Руанда и му бил потребен физички и емотивен одмор.


Фото: Себастијао Салгадо

За жал, она што го најде при враќањето го остави во шок – некогаш бујните шуми полн со диви животни беа исечени, а останатото беше сува, пуста пустелија. Но, Себастијао одлучи да направи нешто во врска со тоа – тој веруваше дека заедно со неговата сопруга може да ја обнови шумата. И така ја започнаа нивната неверојатна еколошка мисија.


Фото: institutoterra

“Земјата беше толку болна колку што бев и јас – сè беше уништено”, изјави Себастијао во интервју за The Guardian . “Само околу 0,5% од земјата беше покриена со дрвја. Мојата сопруга имаше прекрасна идеја да ја обновиме оваа блескава шума. Кога почнавме да го правиме тоа, се вратија сите инсекти, птици и риби, Шумата сè препороди, а исто така и јас! – ова беше најважниот момент. “


Фото: institutoterra

Двојката основала мала организација, наречена Институт Тера , која помогнала да се врати шумата со засадување 4 милиони садници. Себастијао веруваше дека имаат решение.

“Постои едно битие кое може да го трансформира СО2 во кислород, тоа е дрвото. Треба да ја обновиме шумата “, рече фотографот.

“Tреба шума со дрвја кои растат во овој регион, треба да се соберат семиња карактеристични за регионот. Ако засадите шуми кои не припаѓаат тука, змиите, термитите и другите животинки нема да се вратат а шумата ке биде тивка и без живот”.


Фото: institutoterra

Во текот на следните 20 години, брачната двојка беспрекорно се грижеше за ново засадената шума која полека се враќаше во живот – а се врати дури и дивиот свет!


Фото: institutoterra

За времето дури траеше обновувањето на шумата, 172 видови птици, 33 видови цицачи, 293 видови растенија и 15 видови рептили се вратија да започнат нов живот таму.


Фото: institutoterra

Фото: Sebastião Salgado

Напорната работа и упорност на парот служат како одличен пример за тоа што луѓето можат да постигнат преку посветеност и заедничка работа.


Фото: Weverson Rocio

Фото: Sebastião Salgado

За неверојатниот проект и уште поневеројатните резулатите, бразилскиот пар се здоби со милиони позитивни коментари на социјалните мрежи, инспририрајќи и поттикнувајќи ги и останатите еколошката борба за спас на планетата земја да ја превземат во свои раце!


Фото: YASUYOSHI CHIBA

www.gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here