„Ожалостената“ мачка на Карл Лагерфелд ќе добие најголем дел од неговото богатство од 200 милиони долари

На Инстаграм профилот на саканата мачка на еден од највлијателните луѓе во модната индустрија Карл Лагерфелд, кој почина пред 2 дена од рак на панкреасот, се појави објава во која некој во име на мачката Чапат, напишал дека ѝ е скршено срцето и дека е ожалостена.

Карл некогаш велел дека ќе се ожени со мачката и таа била неговата најголема љубов, бидејќи летала со него во приватни авиони, ја красел со дијамантски ѓердани, а исто така мачката заработувала над 2,5 милиони евра како модел.

Loading...

Претходно мачката припаѓала на моделот Батист Џабикони, но откако Карл ја чувал мачката 2 недели повеќе не сакал да ја врати бидејќи премногу ја засакал. Тој се шегувал дека ја киднапирал. Кога тој не бил присутен мачката ја чуваат нејзините две слугинки, но сега не се знае кој ја чува Чапат.

Мачката освен што има своја колекција со накит, исто така има кувар и свој стилист. 8-годишната мачка е главен наследник на Карл, а иако не се знае колку точно пари ќе наследи се смета дека најголемиот дел ќе заврпи во нејзините „канџи“, додека другиот дел од парите ќе заврши кај кумчето на Карл, Худсон Кроениг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here