Повкусни од купечките: Домашни баунти чоколади

0
16

Вкусен и здрав десерт кој ќе го обожавате…

СОСТОЈКИ:

  • 1/2 шолја слатка павлака
  • 1/2 шолја шеќер во прав
  • 2 шолји кокосово брашно
  • 100 гр црно чоколадо
  • 2 лажици мед

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во сад соединете слатка павлака и шеќер во прав. Потоа додајте кокос и измешајте. Кога масата убаво ќе се соедини правете топчиња или правоаголни колачиња. 
  2. Растопете чоколадо и мед. Полека спуштајте ги колачињата во чоколадо и ставајте ги на хартија за печење, а потоа во фрижидер. 
  3. По неколку часа колачите се спремни за послужување.


СОВЕТ: Преливот може да го направите со чоколадо по желба, но препорачуваме да ставите црно чоколадо, за подобро да се стегне. Уживајте!

Loading...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here