Подобрете го здравјето со лесни тренинзи

0
36

Сите сме свесни за предностите од вежбањето, конечно временските услови дозволуваат и да излеземе надвор и да направиме некоја физичка активност.

Трчање

Loading...

Ако се одлучите за трчање, тоа ќе има позитивно влијание на вашата кондиција, издржливост и согорување калории. Трчање со брзина од 12 километри на час може да согории до 1000 калории. Овој број може да биде поголем ако трчањето е на планински и тешки терени. Секако, ваквата активност не се препорачува за почетници кои немаат доволно кондиција. Нивниот лимит е 5 километри. Предноста на трчањето е што не се обврзани со време и место, туку вие одлучувате каде да трчате и кога.

Возење велосипед

Уште една активност која можете да ја практикувате во секое годишно време. Со велосипед можете да одите секаде, да го користите како превозно средство, но исто така можете да излезете наменски и да возите на долги патеки, со цел подобрување на физичката кондиција. Помага во обликување на телото, во позиција на држење како и отстранување на болки во колената и болки како последица на остеопороза.

Пливање

Уште еден спорт кој прави да се чувствувате убаво. Доколку има услови како затворен базен, овој спорт може да се практикува преку целата година. Пливањето често пати се смета како алтернатива на трчањето, возењето велосипед и прошетките. Еден час пливање согорува 600 до 700 калории, помага во зголемување на издржливоста на телото, координацијата, а е одличен спорт за подобрување на моќта на белите дробови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here