Поздрав од колешка до Некст Тајм: Аман веќе, пуздер ги направивте песнине – или научете да пеете или оставете ги

loading...

,,Да напоменам, објавава нема врска со политика туку само со музика и уметноста на изведување. И не е личен напад туку општа анализа и апел за несквернавење на македонското музичко културно наследство. Многу од вас ќе ме искритикуваат но еве и вам би сакала да ве натерам на размислување.

Драги Некст Тајм (а и останати многу други поп и фолк пејачи, и заради тие многу други ова го пишувам јавно, инаку ќе ви се обратев приватно).

Loading...

Следниот пат или некст тајм пред да препевате македонска традиционална песна во вокален стил на Сиа и Ријана, може ли да се видиме на едно кафе, да ви кажам два збора?
Нема смисла Кирил Манчевски и компанија да се превртуваат во гробовите бе дечки, света работа е тоа пеење. Никој, никој на свет не може да ги пее тие песни како Македонец, колку и да се труди.

Дури и никој од Србија, Грција или Бугарија не може, што се први комшии, до толку е посебен и ултра-деликатен нашиот фолклорен стил на пеење. Ние нивните можеме дури и поумешно да ги изведуваме зашто се полесни, (иако пак никогаш со нивниот оригинален печат) но тие нашиот – невр евр, начинот на пеење ни е во днк-то и иако оддалеку изгледа сличен со другите балкански народи – во суштина е потполно е уникатен.

Исто ко ние што не можеме да испееме индијска фолклорна песна како Индиец, Африканска како Африканец или шпанска како Шпанец, па колку и да сме добри имитатори.

Секој, секој од Индија, Србија, Африка, Шпанија или Македонија што по малку пее може да ја имитира Сиа, Риана или таму машки нивни верзии, не ги знам баш, зашто тој вокален стил е лесен ко боза и затоа толку брзо таквите стилови се усвојуваат ширум светот во мејнстрим поп музиката, то ест сите звучт исто, ем поминати низ исти аудио-филтри.

Ако веќе препевате македонски бисери, учете од тие што треба, од Манчевски, од Сариевски, учете ја Јовка од Вања Лазарова. (Како и од останатите легенди Бадев, Васка, Анка Гиева, Мирвет Беловска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски итн.).

Токму начинот на изведба на нашите фолклорни песни е најважниот носител на сентиментот и вредноста на истите. Јас со години не се осмелувам да издадам кавер на македонска песна зашто ми е страв дека не можам да им се мерам и да ги оправдам. Аман веќе, пуздер ги напраивте песнине.

Оставете ги на раат поарно или научете како се пеат. Не ни остана многу македонско, аманте песните пренесувајте ги како што треба. Одлучете еднаш дали ќе пеете поп-рок или ќе пренесувате наследство. Поздрав и се најдобро.”

Фесбук статус на Тања Царовска, го пренесуваме во целост а дали ќе се сложите со него или не тоа е ваша работа.

Убава прилика да се потсетиме на некои од песните на Царовска меѓу кои и песната по друм одам мајче специјално направена за филмот “Мајки” на Милчо Манчевски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here