„Предвесник на смртта“: Ремзи даде гол, почина уште една славна личност

Да не си во кожа на фудбалерот на Арсенал. Проклетството на Арон Ремзи продолжува, тој даде гол и почина уште една голема ѕвезда, овој пат се работи за членот на Продиџи, Кит Флинт.

Не му е лесно на играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи, ако некоја славна личност почине а тој има дадено гол, вината оди кај него.

Loading...

Се погоди неколку пати откако тој ќе даде гол да умре некоја ѕвезда, па сега играчот не може да се оттргне од муабетите дека е предвесник на смртта.

Викендов Ремзи даде гол, а утринава фронтменот на Продиџи, Кит Флинт беше пронајден мртов во својот дом.

Англиските медиуми извадија податок дека досега 20 славни личности имаат починато на денот кога Ремзи ќе даде гол или неколку денови подоцна, меѓу нив се и Стив Џопс, Осама бин Ланден, Паул Вокер, Робин Вилијамс…

Иако реално станува збор за обична коинциденција, за Ремзи и понатаму некои ќе велат дека неговите голови ја најавуваат смртта на славни личности.


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here