Преспа по невремето (Фото – Видео)

Големо невреме доцна синоќа го зафати и преспанскиот регион.

Од автокампот Крани кај Преспа доаѓаат ведео материјали и слики коишто наликуваат на кадри од ударните вести за разорни урагани или тајфуни на далечниот исток.

Loading...

Стогодишни искорнати стебла, превртени или смачкани камп приколки и срамнета инфраструктура се само дел од сведоштвото за хоророт што вчера, доцна попладне го преживеале излетниците и туристите во овој дел на Преспа.

View this post on Instagram

Силно невреме со силен дожд и ветер го зафати с.Крани и автокампот „Крани“, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени, соопштија од Центарот за управување со кризи. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции – велат од Центарот. Од невремето зафатени се и Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во с. Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, во с. Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. Селата: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без струја. Благодарност за @andrejmihajlovv за видеата

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Некои од нив, сѐ уште под стрес од преживеаното, раскажуваат дека најлошото траело околу 20 минути. Силниот ветер проследен со дожд и град носел сѐ пред себе, а според кажувањата на очевидците неговата брзина била близу 200 километри на час. Според нив, во еден момент градот натрупал слоеви од по 30 сантиметри.

Крани по невремето. Фото: фејсбук Vlora Sedaliu 

Во градот Преспа биле уништени 40 автомобили, а брзата помош интервенирала на 20 места. Засега нема информации за посериозно повредени лица.

Најпогодени од невремето се селата Крани ,Штрбово, Наколец, Љубојно и Долно Дупени како и граничниот премин Маркова Нога.

Дупени по невремето. Фото:Фејсбук: Dzuli Dimovska

Од изутринава механизација, како и тимови на противпожарните служби работат на расчистување на теренот.

Невреме проследено со силен ветер и дожд вчера попладне го зафати и Охридското крајбрежје, каде најпогоден е автокампот Љубаништа, кај Свети Наум.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here