Прес на ЈО: Боки 13 и Зоран Милевски побарале 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него

Фото: К. Попов

Како што кажа обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

Loading...

Јавниот обвинител Љубомир Јовески кажа дека предистрага била почната во мај годинава по кривична пријава и по досега прибрани докази отвориле истрага против двете лица. Во моментов, вели Јовески, надлежните преземаат дејствија за прибирање докази и обезбедување присуство, а охрабри ако има и други лица подложени на вакви дејствија да пријават во обвинителството.

🔴 [LIVE] Joveski e Ruskovska për "Boki 13" & "Zoran Mileski"

🔴 [LIVE] Joveski e Ruskovska për "Boki 13" & "Zoran Mileski"Прес конференција на ЈО за денешните приведувања

Gepostet von TV21 am Montag, 15. Juli 2019

Извор: 21.тв , сдк.мк , фејсбук,

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here