Руски плагијатори си ја присвоиле песната од Тоше – Боже чувај ја од зло (Видео)

Една од најпопуларните, но и најстарите руски рок групи ,,Землјане” која постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена, ги разгневи почитувачите на ликот и делото на Тоше Проески, откако промовираше плагијат на хитот на Проески, ,,Боже чувај ја од зло”, а песната ја претстави како своја, авторска.

Насловот на плагијатот на ,,Землјане” е ,,Боже” и истата ја промовирале на музичкиот канал Јутјуб кон крајот на месец февруари годинава.

Loading...

Под линкот со песната е наведен и авторскиот тим, односно под музиката е потпишан Владимир Трушин, а пак под текстот, кој е само преведен и прилагоден на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.

За песната тие снимиле и видео спот, а истата во моментов има над 192,081 прегледи. 

Коментарите под видеото се скоро едногласни, посочувајки дека песната е плагијат и оргинално изведена од Тоше. Па така видеото има повеќе палци надоле отколку нагоре.

,,Фокус” стапил во контакт со одговорните во бендот, но нивниот одговор бел дека ќе ги побараат подоцна.

Засега не е познато дали тие побарале дозвола за користење на авторски права од оние кои ја создадоа песната или од луѓето и институциите кои го штитат и застапуваат ликот и делото на Тоше.

,,Боже чувај ја од зло” е песна од албумот ,,Игри без граници” кој беше издаден во 2007 година, промовиран околу две недели пред несреќата во која го изгуби животот.

Од фондацијата ,,Тодор Проески,, се уште нема официјален став и најава за превземање на конкретни мерки по повод плагијатот на руските рокери.

Извор: Фокус

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here