Sarah Mace повторно е актуелна на домашната музичка сцена, овој пат со „Црна капина” од проектот Floating through space with Sarah Macе. Несомнено, необична песна во исто толку ново и нетипично анимационо руво.

-Песнава е според мене една од најубавите на албумот Floating through space with Sarah Mace….Не е комерцијална, ама чудесна е. Во постојано движење со телото на слушателот, од почеток до крај пулсира во тебе…. Ова е песна започната како идеја на бубњарот (во случајот и автор, Александар Ванчовски) и мислам дека тоа бубњарско влијание се чувствува цело време дур трае песнава, а можеби дури и после тоа, вели Sarah Mace.

Loading...

Видеото претставува модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи, дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч техника. Потпишана зад неговата реализација од А до Ш стои Љупка Андоновска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here