Пред да ви дозволиме да го прочитате текстот да ве предупредиме дека овае е уште една теорија на заговор што се шири по социјалните мрежи.

Направивме мало истражување и најверојатно текстот потекнува од еден портал но не сме сигурни дали текстот е превземен од фејсбук од некој “ЕКСПЕРТ”.

Loading...

Меѓу другите што го споделиле текстот е и тврдокорниот Драган Угриновски кој како воено лице најверојатно БИ ТРЕБАЛО да има познавање за течноста сарин која се користи како воено оружје за масовно уништување.

Реакциите од Саринот можеби се слични со коронавиусот но саринот го напаѓа нервниот систем. Жртвите при вдишувањето на овој агенс без боја и мирис најпрво чувствуваат течење на носот, болка и притисок во градите, а кратко потоа имаат и тешкотија при дишењето, губат контрола над телесните функции, повраќаат и ја губат свеста, а се е проследено со тешки болки.

Наш совет ви е да се држите до препораките на епидемиолозите (бидејки ова е вирус а не некоја течност или гас ) и да избегнувате мислења од сомнителни лица и портали а најмалку од фејсбук статуси.

Во продолжение текстот:

КАКО ВОЕНО ЛИЦЕ, СЕГА ВО ПЕНЗИЈА, А ПОМИНАТО 4 ВОЈНИ, ЌЕ ВИ СПОДЕЛАМ ЕДЕН ТЕКСТ , ДА ГО ПРОЧИТАТЕ И ДА СЕ УВЕРИТЕ ПОЗАДИ ОНА ШТО НЕКОЈ ГО НАРЕКУВА КОРОНА ВИРУС, А СПОРЕД МЕНЕ СТОИ ДРУГА РАБОТА, ВОЕНИ БОЈНИ ОТРВИ. ДА НЕ РАЗВЛЕКУВАМ МНОГУ, ТУКУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВОЈ ТЕКСТ.

Испустот на голема количина на САРИН од лабараторија во Авганистан кој се случил веднаш после Нова година е причината за потпишувањето на договор за соработка со Талибанците после 40 години конфликт, а како контра услуга се бара од нив да молчат за пропустот од страна на војниците и администрацијата на Соединетите Американски Држави и Трамп.

Гасот патува низ атмосферата а државите каде гасот се шири во Европа се случи пред извесно време, без ничие знаење и без никакво предупредување од страна на Американските власти. Овој гас нема мирис, вкус или боја и се задржува во воздухот а со врнежите паѓа на земјата каде почнува да делува на растителниот и животинскиот свет како и на луѓето. Најранливи во овој случај се птиците кои не се на никаков начин заштитени од дождот.

Луѓето се изложуваат на САРИН преку кожата, контакт со очите или преку вдишување, што е најголема причина за добивање на респираторни проблеми кои можат да резултираат со смртни последици кај постарите лица или лица кои се хронично болни, како и помлади лица со карактеристични алергии.

Класични симптоми на затровање со САРИН се: повреда на дишните патишта и сува кашлица, главоболка, отежнато дишење, дијареа, омалаксаност, болка во мускулите а кај потешките затровања, висока температура и пневмонија.

Првите жртви од САРИН се 67 американски војници кои беа ангажирани во лабараторијата во Авганистан, и кај кои се утврдило постоење на САРИН во големи количини. Истите војници подоцна во февруари биле пратени на воена парада во Вухан, со цел да се отргни вниманието, за подоцна истите војници во кинескиот град да контаминиаат уште неколку илјади граѓани. Еден ден по парадата во Вухан, Светската здравствена организација објави за пандемијата од Корона вирусот, а неколку дена подоцна кај сите 67 војници беше констатиран Корона вирус.

Периодот кој што е потребен за инкубација на воздушниот гас е нешто повеќе од три месеци. Термин кој се поклопува со завршувањето на пандемијата од Корона вирусот, а најдобра заштита од него е избегнување на отворен простор, и карантин. Целосното испарување на овој гас и целосното губење на неговата ефикасност се очекува да се случи најдоцна до крајот на Април.

КАКО ВОЕНО ЛИЦЕ, СЕГА ВО ПЕНЗИЈА, А ПОМИНАТО 4 ВОЈНИ, ЌЕ ВИ СПОДЕЛАМ ЕДЕН ТЕКСТ , ДА ГО ПРОЧИТАТЕ И ДА СЕ УВЕРИТЕ ПОЗАДИ…

Gepostet von Dragan Ugrinovski am Montag, 30. März 2020

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here