Сарин – убиец без боја, мирис и вкус! се вбројува во оружја за масовно уништување: Жртвите прво чувствуваат течење на носот, а потоа почнуваат страшните болки

Сарин е бистра течност, без боја, без вкус и мирис, која лесно се раствора во вода и која се користи како хемиско оружје. Со резолуцијата на ОН, бил класифициран како оружје за масовно уништување, а производството и складирањето на сарин е незаконско според Конвенцијата за хемиско оружје од 1993. година.

Loading...

Прв пат бил произведен во 1938. година во Германија и тоа како пестицид, а го открил германскиот научник Герхард Шрадер, додека работел на создавање на нови инсектициди. Шрадер создал и табун и циклосарин, кои исто така се користат како хемиско оружје, станал познат како “татко на нервните агенси”.

Иако саринот е многу сличен со инсектицидите, сепак е многу појак. Многу брзо испарува, а при испарувањето се комбинира со уште една супстанца.

На луѓето може да влијае преку кожата, очите или белите дробови, но и преку контаминирана храна и облека. Само мала количина на сарин може да биде смртоносна.

Саринот го напаѓа нервниот систем. Жртвите при вдишувањето на овој агенс без боја и мирис најпрво чувствуваат течење на носот, болка и притисок во градите, а кратко потоа имаат и тешкотија при дишењето, губат контрола над телесните функции, повраќаат и ја губат свеста, а се е проследено со тешки болки.

Луѓето кои се изложени на сарин, а не добиваат правилен третман, може да имаат последици целиот живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here