Саша Богдановиќ: Ќе ставиме крај на дивеењето на кафанџиите во центар

0
28
Фото: К. Попов

Направивме нов Правилник за поставување на урбана опрема со кој ќе ставиме крај на дивеењето на кафанџиите низ центарот на градот, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Со Правилникот Општина Центар ги презема надлежностите на Град Скопје за издавање на одобренија за поставување на маси и столици пред кафулињата и кафеаните. Досега кафанџиите поднесуваа елаборати за поставување урбана опрема во Град Скопје, кој им ги одобруваше, а Општината требаше да контролира и санкционира доколку се зафаќаше поголема јавна површина. Ваквата процедура создаваше потешкотии на општинските инспектори оти не се знаеше до каде се постапките со елаборатите и што е одобрено.

Loading...
Фото: Скопје Инфо

„Сега точно ќе знаеме кој објект има дозвола за летна тераса и дали ги почитува одредбите. Најпрво угостителите ќе треба да достават елаборат до нас и откако ќе им го одобриме ќе побараат дозвола за вршење на дејност од Град Скопје. Во елаборатите ќе мора да се почитуваат условите кои пред една година ги донесе Градот, да има на тротоарите 2,5 метри простор за пешаци. Нема да толерираме никакво дивеење. Кој не ги почитува правилата ќе биде урнат“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Овој Правилник треба да биде усвоен на Седница на Советот на Општина Центар до крајот на месецов. Потоа тој ќе биде основа за носење одлуки со кои за да се отвори кафуле во зграда, газдата треба да има дозвола од 51 отсто од станарите.

„Доколку нема ваква дозвола нема да му го одобриме проектот. Ќе го ограничиме и времето до кога може да се пушта музика на летните тераси. Планираме тоа да биде до 22 часот“, додава Богдановиќ. Повеќе на сдк.мк

Извор сдк.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here