Светот почна да прави рециклирани пластични патишта. Индија лидер со повеќе од 100.000 км пат


Фото: twitter Kingborough Council

Концептот за рециклирани патишта не е нов и веќе многу држави во светот имаат направено вакви патишта, за жал Македонија не е мегу нив.

Австралиската држава Тасманија кон крајот на минатата година направи пат долг 500 метри за кој беа искористени околу 173.600 пластични кеси и амбалажи, како и од 82.500 стаклени шишиња собрани од депонии. Патот беше направен надвор од градот Хобарт.

За да се направи асфалтот беа искористени околу 5.900 кертриџи од печатачи и повеќе од 33 тони рециклиран асфалт. Ова е првиот ваков пат во австралиската држава. Патот беше направен со цел да се намали загадувањето на животната средина.

Доколку се пресмета колкава количина пластика е употребена за овој пат, тоа е количина еквивалентна на пластичен отпад од две години. Доколку се покаже успешно, веројатно ќе го применат истот на други патишта.

Иако производот е поскап од традиционалниот асфалт, на долг рок ќе испадне поевтина алтернатива затоа што се очекува да трае 15% подолго од обичните патишта.

Франција го има направено првиот “целосно рециклиран” пат.

“Рециклираниот пат” е долг еден километар и е дел од автопатот А10 помеѓу Понс и Сен Обин во југозападна Франција. Изградена е од две компании  Винчи Конструкција, Евровиа и Винчи Автопатишта.

“Старите материјали се целосно преработени во мобилна фабрика која може да биде поставена на било која локација а потоа  од тие материјали е направен новиот пат”, изјави директорот за комуникации на Eurovia Maxens Naouri за ФРАНЦИЈА 24.

Овој истражувачки проект ја доби наградата “Пат кон иднината” од Француската агенција за управување со животната средина и енергетика.

Возачите не пријавиле никаква забележителна промена во возењето на оваа нова површина. Новиот пат се чувствува исто како стариот .

 

Холандија одамна е позната како земја на велосипедисти. Холанѓаните ги сакаат своите велосипеди толку многу што 17 милиони жители во земјата поседуваат повеќе од 22 милиони велосипеди.

Loading...

Минатата година, градот Цволе во Холандија ја започна првата  велосипедска патека во светот направена од отпад.

Во материјалите за изработка на патеката  беа вклучени стари пластични шишиња, фестивалски чаши за пиво, козметичко пакување и пластичен мебел. Во пилот-фазата, велосипедската патека е направена од  70% рециклирана пластика.

Градот се надева дека во иднина ќе создаде велосипедска патека направена целосно од рециклирана пластика.  Она што ја прави оваа велосипедска патека особено уникатна е тоа што е модуларен и претходно фабрикуван производ , што значи дека може лесно да се инсталира насекаде во светот.

Ротердам најверојатно ќе биде првиот град во светот кој за изградба на патишта наместо асвалт ќе користи рециклирана пластика.

 

Се чини дека новата техника за изградба на патишта најбрзо напредува во Индија.

Повеќе од 33.796 км патишта во Индија се пластични патишта од рециклирана пластика, според стариот извештај на Светскиот економски форум. Сепак, во новиот извештај од октомври се наведува дека фактичката должина на индиските патишта направени со користење на иновативната, домашна техника е повеќе од 100.000 километри.

Користејќи рециклирана пластика за изградба на патишта, не само што ги спречува загадувањето исто така создава работни места, велат експертите.

Новите истражувања покажуваат дека пластичните патишта на Индија направени од рециклирани материјали не се само позелени, туку се посилни и без одржување  може да траат околу три пати подолго од обичните патни структури.

WordPress.com

Like it? Share with your friends!

179 shares

What's Your Reaction?

Cry Cry
0
Cry
Cute Cute
0
Cute
Damn Damn
0
Damn
Dislike Dislike
0
Dislike
Like Like
0
Like
Lol Lol
0
Lol
Love Love
0
Love
Win Win
0
Win
WTF WTF
0
WTF

Comments

comments