Една кучешка година сепак не е еднаква на седум човечки

Една кучешка година „вреди“ колку седум човечки, ваквото верување дека староста на кучето може да се одреди ако неговите години ги помножите со седум е само мит. Експертите за кучиња велат дека вистинската пресметка е многу посложена.

Кучињата се вид животни меѓу чии раси постојат варијации во изгледот и големината, нешто што не може да се види кај некој друг вид. Токму од големината и од расата зависи долговечноста и брзината на развој. 

Loading...

Општо правило е дека поголемите раси живеат пократко, но растат и се развиваат побавно од малите, што значи дека малиот јокширски териер на две годишна возраст ќе биде „постар“, а со пет години ќе биде „помлад“ од данската дога.

Големите раси, полната големина и физиолошка зрелост ја достигнуваат на две години, но после тоа во принцип можат да очекуваат уште само 4 до 6 години живот, додека малите и средните раси живеат од 10 до 15 години.

Покрај големината, сепак, после третата година голема улога има и конкретната раса, па така булдогот, куче со средна големина, е раса која живее најкратко (само околу шест години) додека некои раси на мали териери можат да доживеат и 15 од 20 години. 

Во текот на првите три години, релативната старост може да се процени во зависност од неговата големина:

За мали кучиња: 12,5 години за секоја кучешка година, во текот на првите две години од животот

За кучињата со средна големина: 10,5 години за секоја човечка година во текот на првите две години

За големите кучиња: 9 години за секоја човечка година во првите две години

За кучињата постари од три години, сепак пресудна е расата.

Затоа за булдогот ќе ги помножите годините со 13,42, за германскиот овчар (и расите со сличен раст и конституција) со 7,84, а за минијатурните јазовичари и други „џуџести“ кученца со 4,32.

Истражувачите од Универзитетот Џорџија утврдиле дека на долговечноста на кучињата влијае и стерилизацијата, па така стерилизираните кучиња живеат нешто подолго.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here