Секс роботот Саманта сега може и да Ве одбие

Креаторот на секс роботот Саманта, д-р Серџи Сантос ги унапреди нејзините способности по приговор на неговата сопруга, такашто Саманта сега може да одбие секс, доколку не е расположена.

Саманта сега може да ја одбие сексуалната наклонетост на својот партнер, односно корисник, доколку почувствува дека се однесува кон неа неприкладно.

Loading...

Новата способноста, која Сантос неодамна ја демонстрираше во Центарот за живот – научното село во Њукасел, активирал сензор под кожата на роботот кој може да детектира дали партнерот е агресивен, како и доколку на Саманта ѝ здосади однесувањето на партнерот.

Таа сега може да вели “НЕ”доколку посака.

На Саманта веројатно ѝ е драго поради новото унапредување, со оглед на тоа дека минатата година кога беше претставена на саемот за технологија заврши премногу искористена.

Во теоријата, новите можности кои ќе ги имаат секс роботите би требало да допринесат во тоа сопствениците да ги третираат како вистински жени, со почитување и совест дека треба да бараат нивна согласност.

Роботот има подвижни раце, колкови и лице како и можност заводливо да шепоти на уво. Саманта има четири различни режими на работа: семеен, романтичен, сексуален и непослушен.

Сè уште не е објавено кога Саманта ќе биде пуштена во продажба, но се очекува масовно производство чија цена би требало да биде 4.700 долари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here