Се продаваат чевлите на Мајкал Џексон со кои го изведе “месечевиот од”

0
7

Црните мокасини, што Мајкл Џексон ги носел кога првпат го извел славниот „месечев од“, на 26 мај ќе бидат ставени на аукција.

Почетна цена на кожните мокасини е 10.000 долари

Џексон ги носел кожните чевли, изработени од „Флоршајм империјал“, на пробата на неговата изведба на  „Били Џин“ за специјална ТВ-емисија во 1983 година. Според аукциската куќа „ГВС“, на таа проба, кралот на поп-музиката за првпат на сцената го извел неговиот лизгачки танц наназад. Тие се понудени по цена од 10.000 долари.

Loading...

„Овие чевли се во добра состојба, со очигледни знаци на употреба во делот кај стапалата”, се вели во описот во каталогот.

Фото: GWS Auctions Inc
Фото: GWS Auctions Inc

 

Чевлите се во сопственост на танчарот и кореограф Лестер Вилсон, кој рекол дека Џексон му ги дал чевлите во соблекувалната по пробата со неговите браќа, соопшти аукциската куќа.

Можно е чевлите да биле носени и во емисијата, бидејќи според доказот за автентичност, Џексон ги нарекувал „магични чевли“, а никогаш потоа не се појавија чевлите со коишто настапил, објави „ГВС“.

Фото: GWS Auctions Inc

Кралот на попот почина од срцев удар поради лошата комбинација на препишани лекови во 2009 година на 50-годишна возраст, во неговиот дом во близина на Лос Анџелес.

Подоцна личниот лекар на пејачот, д-р Конрад Мареј, беше осуден за  убиство од негрижа во 2011 година.

Извор: Sky News

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here