Сите грицкаме леблебија, а не сме свесни што му прави на нашето здравје


Наут или народски кажано леблебија некогаш на големи површини се одгледуваше и кај нас, денес речиси и да нема домашно производство.

Една шолја од оваа намирница ни обезбедува 50% од дневните потреби на организмот за калиум, 2% од витаминот А, 13% од витаминот Ц, 69% железо, 55% од витаминот Б6 и 57% магнезиум. Покрај тоа, леблебијата содржи и витамин К, фолна киселина, фосфор, цинк, бакар, манган и селен.

Постојат 2 видови леблебија : деси и кабули, но за која од нив и да се одлучите, нема да погрешите. Сите кои ја користат во кулинарството, ќе се сложат дека е многу вкусна а и здрава, бидејќи е богата и со протеини и влакна, кои се многу важни за нашето здравје.

Таа е еден од најдобрите извори на протеин, влакна, витамини и минерали, а одлична е и за вегани и оние кои се алергични на глутен. Богата е и со есенцијални аминокиселини, кои телото не ги создава само.

Леблебијата е и одличен извор на железо, а готвената леблебија содржи повеќе железо од еднакво зготвена количина место. Ако во оброкот со леблебија се застапени и житарици, тогаш таквиот оброк има целосен состав на потребни аминокиселини.

Здравствени придобивки од леблебијата:

Против дијабетес – Истражувањата покажуваат дека дијабетичарите кои често конзумираат намирници богати со влакна имаат намалено ниво на гликоза, а кај дијабетичарите со тип 2 може да се подобри нивото на шеќер во крвта, липидот и инсулинот. Експертите препорачуваат 21-25 гр диетални влакна за жените и 30-38 за мажите.

Го чува здравјето на коските – Железото, фосфатите, калциумот, магнезиумот, манганот, цинкот и витаминот К придонесуваат за здравјето и силата на коските. Сепак, треба да се биде внимателен бидејќи таа содржи многу фосфор.

Го намалува крвниот притисок – Една од најважните промени која треба да ја усвоите е да јадете намирници кои се сиромашни со натриум, а една од нив е и леблебијата. Освен тоа, тука присутен е и калиумот кој е еднакво важен за нормализација на крвниот притисок.

Го чува срцето – Комбинацијата на влакнам калиум, витамин Ц и Б6 придонесуваат за чување на здравјето на срцето.

Loading...

Го регулира варењето – Таа го подобрува варењето и е одлична за спречување запек и подобрување на општото здравје на дигестивниот тракт.

Го чисти организмот – Леблебијата е многу корисно средство за чистење на нашиот организам, особено од сулфатите кои се наоѓаат во преработената храна.

Холестерол – Истражувањата покажуваат дека вклучувајќи леблебија во исхраната го намалува износот на липопротеините со ниска густина (ЛДЛ) холестерол во крвта.

Дигестија и регуларност – Поради високата содржина на влакна,  помога да се спречи запек и промовирање на регуларноста за здрав дигестивен тракт.

Наутот или леблебија е достапен во текот на целата година затоа што е сушен или конзервиран. Сувиот наут има неограничен век на употреба, а со стоење тврдоста се зголемува, а со тоа и потребното време за варење. Затоа најдобро е од вечер да се потопи со вода, а утредента да се обработува термички. Внимавајте, волуменот на наутот се зголемува повеќекратно. Конзервираниот наут трае пет години, а варениот може да отстои во фрижидер неколку дена.

Во кујната наутот се користи за разни јадења. Овој продукт има извонредна моќ да се спојува со други хранливи состојки. Основната постапка е најчесто варењето, а потоа може да се користи за приготвување предјадења, за супи и чорби, главно јадење или за додаток на главното јадење. Се користи и за приготвување десерти. Одличен е за комбинирање намази што се приготвуваат со сенф, иситнет зеленчук, морков, целер, лук, маслиново масло, лимонов сок, лешници и бадеми. Вакви намази се послужуваат со препечен црн леб.

Многу комбинации, сите подеднакво вкусни

Наутот е одличен додаток на салатите и може да се комбинира со многу други продукти. Одличен е со туна-салатите, во зелените салати, со домати, пиперка, ’рдокви. Оди со варена леќа или ориз и одлично се комбинира со сите зачини од Истокот. Се прави и пире од наут.

Ниту италијанските тестенини не можат без наут. Се прават сосови од наут со додаток на сланина, панцета и рузмарин.Најпознати се сепак фалафелите од Истокот, кои се нешто како крокети. Супите од наут може да се комбинираат со праз, путер, бело вино. Се комбинира и со риба, а најпознато јадење е португалскиот специјалитет со солен бакалар, лук, чили, но и маслинки и јајца.

Претпазливост – Сепак, луѓето кои се алергични на оваа мешунка треба да ја избегнуваат, како и луѓе кои имаа проблеми со дигестивниот систем, бидејќи истата може да предизвика појава на гасови, подуеност и дијареа, а некогаш и стомачни грчеви ако се внесува во поголема количина.

WordPress.com

Like it? Share with your friends!

144 shares

What's Your Reaction?

Cry Cry
0
Cry
Cute Cute
0
Cute
Damn Damn
0
Damn
Dislike Dislike
0
Dislike
Like Like
0
Like
Lol Lol
0
Lol
Love Love
0
Love
Win Win
0
Win
WTF WTF
0
WTF

Comments

comments