Си пукав во глава – и преживеав

Секоја година на 2 септември Кевин Амундсон прави забава. Како и секоја друга забава има храна, пијалок, смеа и музика, семејството и пријателите носат подароци, но тоа не е роденденска прослава, тоа е забавата “miracle day” (ден на чудото) на Кевин .

Кевин е човекот кој си пукаше во глава и  зачудувачки преживеал, останала само лузна која едвај се познава.

Loading...

Пред четири години кога Кевин имал 20 години и страдал од недијагностицирана депресија се обидел да се самоубие со пукање во глава. Лекарите му дале на Кевин 50% шанса за преживување. Дури и кога знаеле дека нема да умре, тие сѐ уште предвидувале дека Кевин ќе има проблеми со движењето и говорот до крајот од својот живот, но Кевин ги изненадил сите  учејки да оди и да зборува повторно.

Освен лузната што минува низ неговата коса,  да го погледнете Кевин, сега 24 години, тешко би било да претпоставите дека пред само четири години поминал куршум низ неговото лице. Настрана неговото физичко закрепнување, обидот за самоубиство ,  доведе тој конечно да добие официјална дијагноза и третман за депресија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here