Скопјанец објави снимка од крадците кои среде бел ден му го ограбуваат домот (видео)

0
20

Скопјанец објави видео-снимка од неговата спална соба додека две лица претураат по домот.Крадците влегле во неговиот стан, декативираќи го претходно алармот.

„Додека не бевме дома, овие двајца крадци влегле и провериле сѐ барајќи злато и пари. За среќа ништо не недостасува, но фактот што успеале да му го исклучат алармот покажува дека се професионалци. Камерата што ја имав скриено во спалната ги сними нивните лица, па полицијата лесно ќе ги пронајде“ – вели сопственикот.

Loading...

СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство- Скопје, поднесе кривична пријава против 18-годишниот Л.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела „тешка кражба“  на дрзок начин.

Пријавениот ги извршил делата во периодот од 10.09.2018 до 29.10.2018 година, од кои две на подрачјето на Полициската станица Центар и една на подрачјето на Полициската станица Кисела Вода.Л.С. се доближувал до оштетените и им ги кинел златните ланчиња од вратот. Во  Полициската станица Кисела Вода било извршено препознавање од оштетените.

Видеото од кражбата е објавено на 30 октомври.

Изор: скопјеинфо.мк , мотика.мк , youtube.com , мвр, република.мк фејсбук

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here