Снема марихуана во Канада а првата казна стигна еден час по официјалната легализација

По Уругвај, Канада во средата стана втората држава во светот која целосно ја легализираше марихуаната, некои делови од земјата се соочија со првиот голем предизвик – недоволни количества.

Продажбата почнала веднаш по полноќ во Њуфаундленд, најисточната канадска провинција, а “BBC” пренесува дека стотици луѓе чекале во редови.

Loading...

Муштериите со часови чекаа во редици и некои продавачи ги распродале залихите уште на првиот ден, а недостигот од марихуана продолжи и вториот ден.

Првиот човек кој во Канада легално купи марихуана беше Иан Пауер. Во моментот кога часовникот отчука полноќ во канадската покраина Њуфаундленд и Лабрадор, тој беше на почетокот на долгиот ред.

„Отсекогаш ми беше сон да станам првата личност во Канада која на легален начин купила грам канабис и сега желбата ми се оствари“, кажа тој.

 

Оние кои купуваа преку интернет се соочија со одложување, бидејќи преголемиот промет се одрази врз страниците. Купувачите беа предупредени дека ќе мора да почекаат до пет дена на своите нарачки, откако за наредната недела е најавен штрајк на вработените во пошта.

Од друга страна, и заработката е одлична: на првиот ден од слободната продажба, во Нова Скотија, една од најмалите канадски провинции, била купена марихуана во вредност од половина милион долари. Некои се пожалија и на високи цени, кои се движат од четири долари за грам во Квебек до 15 долари во Саскачеван.

Недостиг од залихи е пријавен во Њуфаундленд, Саскачеван и на арктичката територија Нанават.

Според новиот закон, консумацијата на марихуана во Канада сепак има ограничувања. На пример, корисниците би требало да се полнолетни и одредени се казни за оние кои им продаваат канабис на малолетници.

На Канаѓаните им е дозволен само одреден број билки кои можат да ги одгледуваат во својот дом, а на јавните места на себе може да имаат само 30 грама марихуана.

Има и казни за возачите кои управуваат возило под влијание на канабис. Полицијата ќе може да ги сопира „сомнителните“ возачи и да го проверува нивото на алкохол и ТХЦ во крвта. Казните се главно парични, но во некои случаи може да се одреди и затворска казна.

Голем број државни служби не одолеаја да реагираат на новонастанатата ситуација, па се пошегуваа на социјалните мрежи.

Така на интернет страниците на полициските служби осамнаа разни предупредувања и совети за „пушачите на марихуана“.

„Ако планирате да консумирате канабис, ви советуваме пред тоа да купите нешто за јадење, бидејќи може да се случи во два часот наутро да прегладните, а прашање е дали ќе можете да седнете да возите“, гласи советот на полицијата на Њуфаундленд и Лабрадор.

Канадсската полиција почна да дели и казни за возење под дејство на марихуана. Првата казна е издадена во среда еден час откако конзумацијата на марихуана стана легална. Возачот во Манитоба беше казнет со 672 канадски долари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here