Среќни бабички: Старечки дом по барање на станарките најмил голи батлери

0
46

Сопствениците на еден старечки дом во Велика Британија одлучилe да ги развеселат своите штитеници со тоа што им приредиле весела вечера во текот на која ги послужувале голи батлери.

За “Mirror”, тие откриле дека на тоа ги поттикнала желбата на нивната 89-годишна станарка Џоан Корп.

Loading...

“Кога и да ја прашавме што сака, таа одговараше: мажи. Разговаравме со останатите штитеници и сите ја поддржаа. Батлерите ги најдовме по пат на интернет и им објаснивме како треба да се однесуваат. За малку безопасен флерт не е важно колку години имате”, изјавила Клер Мартин, координаторка на активностите во домот.

На вечерата присуствувале околу 23 лица, од кои 11 се штитеници на домот, а старите дами ги повикале и своите ќерки и внуки како гости. Разголените батлери кои на себе носеле само престилка и машна околу вратот им послужувале вечера, а потоа им понудиле и релаксирачка масажа.

Најстарата станарка на домот, 99-годишната Дол Џенкинс, толку се воодушевила од голите батлери што ги повикала повторно да дојдат и догодина на прославата на нејзиниот 100-ти роденден.

“Дамите беа многу возбудени. Тие се дотераа за оваа прилика и постојано се кикотеа. Кога ги прашаа дали сакаат масажа, никој не ја одби таквата понуда”, додала Клер.

Gepostet von Milton Lodge Retirement Home am Dienstag, 26. November 2013

Извор: www.Facebook.com, www.tocka.com.mk, www.elitereaders.net www.thestar.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here