Тажна вест: Почина Горан Стефановски авторот на “Бушава Азбука” и “Диво Месо”

0
43

Почина Горан Стефановски, еден од најпознатите македонски драмски автори. Стефановски почина на возраст од 66 години, по кратко, но тешко боледување.

Последните години од својот живот ги помина во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што вечерва стаса и веста за неговата смрт.

Loading...

Горан Стефановски е еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа.

Стефановски е автор на легендарните и популарни драми: „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат.

Горан беше автор и на текстови на неколку албуми на прочуената рок група „Леб и сол“, чиј фронтмен беше брат му,  гитаристот Влатко Стефановски.

Toj e добитник е на престижниете награди: „Стале Попов“, „11 Октомври“,  двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата
„Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Меѓу другото ќе остане и запаметен по репликите од “Дупло дно: „Јас сум народот! Од денеска ќе се застапувам сам.“, но и по онаа од „Тетовирани души”: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“

Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Филозофски факултет завршил во Скопје, а студирал на драматургија на Академија за драмски уметности во Белград.

Кариерата ја започнал во Телевизија Скопје, бил асистент на скопскиот Филолошки факултет, професор по драматургија на Драмски во Скопје, член на македонскиот ПЕН центар, на Друштво на писатели, а од 2004 година член на МАНУ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here