„Довидување таго“ Тамара новата песна и ја посвети на Хана ( Видео)

„Довидување таго“ е насловот на новата песна на Тамара Тодевска. Новиот сингл, кој доаѓа по пауза од цели три години од објавувањето на албумот „Еден ден”, а автори се долгогодишните соработници што се потпишуваат на нејзините најголеми хитови – Роберт Билбилов и Игор Џамбазов.

„ Џамбаз ме познава како дишам. Билбилов исто така. И оваа песна како и многу претходни е буквално приказна од мојот живот. Раѓањето на Хана ме промени комплетно. Ми донесе една сосема нова енергија и во домот и во секојдневието. Игор знае како тоа да го раскаже со зборови затоа што ја гледа позитивната промена во мене. Среќна сум и исполнета а таква е и песната. Многу ми е драга затоа што ја отсликува позитивата која што ја живеам последниве години.

Loading...

Видеото е дело на Чедо Поповски и е снимано на една прекрасна плажа во Грција во петтиот месец од втора бременост на Тамара, крајот на годината очекува син.

“Дуваше толку силен ветер, да ми дуваше уште три дена во главата. Покрај тоа, ни чамецот не ни палеше да се вратиме од местото каде снимавме, до нашите сместувалишта, но задоволството направи од тоа ништо да не е важно”, откри пејачката непосредно по завршувањето на снимањето на спотот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here