Тајзи го промовираше новото видео за „Сине“

На „YouTube“ денеска беше промовирано новото видео и песна на Тајзи, со наслов „Сине“.

Драган Величковски – Тајзи за оваа песна вели дека е круна на неговата десетгодишна кариера. Текстот на песната е на Тајзи, а заедно со продуцентот Лазар Цветковски ја направија музиката.

Loading...

Спотот е вистинско мало ремек дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква реалност живееме и што не чека во животот, вели Величковски за видео записот за „Сине“.

Спотот е снимен е на повеќе локации, во Куклици ( Кратово), тврдината Зебрњак, како и боксерските клубови од Куманово и Скопје. Андријана Станковска со шминка го трансформираше Тајзи во старец. Песната е во продукција на Балкатон од Србија кои се горди што имаат ваков талентиран артист.

Во продолжение погледнете го спотот:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here