Тие се враќаат по 19 години. Новите продолженија на Беверли Хилс од 7-ми август

Екипата на една од најпопуларните серии на деведесеттите, Беверли Хилс, се собрала по повод снимањето на новите продолженија.

Каналот Фокс објави снимка од нивната средба на која Бренда (Шенон Доерти), Дона (Тори Спелинг), Брендон (Џејсон Пристли), Стив (Иан Зиринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриел Картерис) седат околу маса, го читаат сценариото и се дружат.

Loading...

Премиерата на ТВ серијата е најавена за 7-ми август, а како што известуваат од Фокс, епизодите ќе бидат инспирирани од вистинските животи на актерите.

“Се разделија пред 19 години, а сега повторно се заедно. Снимањето ќе биде уште подобра сапуница од самите нови продолженија. Што ќе се случи кога старите пријатели и првите љубови ќе се најдат на истото место?”, стои во описот на проектот.

Нивната повторна средба е и тажна бидејќи еден член воочливо недостасува. Новите продолженија ќе се снимаат без Дилан поради смртта на актерот Лук Пери кој почина во март оваа година. Иако не го потврди учеството во овој проект, Тори Спелинг во едно од претходните интервјуа изјавила дека се надева дека тој сепак ќе биде дел од шоуто.

А еве го и трејлерот за серијата:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here