Трета среќа: Хајди Клум пред олтар со 16 години помладо момче

Хајди Клум повторно ќе застане пред олтар. Една од најпопуларните манекенки на светот повторно ќе каже „ДА“, а новиот избраник е 16 години помладиот Том Каулиц, член на популарниот бенд „Токио хотел“.

Хајди Клум и Том Каулиц

Хајди (45) и Том (29) почнаа да се забавуваат во март минатата година, а се верија на Божик. Светските медиуми очекуваат дека славната Германка наскоро ќе го објави и датумот на нивната свадба, а некои дури и шпекулираат дека Клум е бремена.

Loading...

Двојката моментално престојува во Берлин, а со нив се и децата на Хајди, деветгодишниот Лу, Хенри (14), Јохан (12) и Хелена (15) кои очигледно одлично го прифатија новото момче на мајка си.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here