Упорен: Пет години го барал човекот на кој му должел пиво

Повеќето луѓе кажуваат „ ти должам пиво“ но веднаш во следната секунда забораваат, но тоа не е случај со Себастијан Стајцен. Овој упорен Германец пет години го барал човекот од кој изгубил кладба. 

Настанот се случил малку поодамна кога Стајцен со својата фамилија летувал на Мајорка и таму го запознал Патрик Брнс.

Loading...

Одиграле партија голф а Стајнцер ја изгубил истата, и му останал должен на победникот – пиво.

Размениле адреси за да се видат но набрзо потоа Стајнцер го изгубил ливчето со адресата. Она што му останало во меморијата бил фактот дека Патрик живее во Portishead во Англија.

Пет години не успеал да најде никако контакт од Патрик па затоа решил да се заангажира повеќе. Потрошил повеќе од 1000 фунти (1654 американски долари) и поминал 1287 км до Велика Британија за да се обиде да си го плати долгот.

Цела недела го барал Патрик, буквално тропајки од врата на врата и одејки по улиците, пабовите и терените за голф со слика во рака од неговиот пријател од одмор.

За ова дознал дневниот весник Telegraf, па му понудил помош со тоа што ќе објави оглас во својот број онолку пати колку што е потребно. Не се чекало долго време, Патрик го прочитал огласот и веднаш се јавил во редакцијата.

Нина , Патрик и неговата сопруга Пам и Себастијан . Фото: SWNS

“Јас сум човек кој ги плаќа своите долгови, и навистина мислам дека е чесно изгубената кладба да се плати, особено ако му долгувате на човек како што е Патрик“ – истакнува упорниот Германец.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here