Фејсбук лансираше бесплатен сервис за спојување двојки, слично на Тиндер

Фејсбук го лансираше својот сервис за спојување двојки, според примерот на популарната апликација Тиндер.

Засега достапен само во 20-ина држави, вклучувајќи ги САД, Канада и Мексико, Фејсбук дејтинг беше најавен уште лани и тој ќе им овозможи на корисниците да ги поврзуваат своите објави на Фејсбук и Инстаграм со посебен профил за спојување.

Loading...

Фејсбук не планира да прави самостојна аликација, целата процедура ќе се одвива во веке постоечката фејсбук апликација

„Фејсбук дејтинг ви овозможува да се спојувате со пријатели на пријатели или со луѓе кои не се во вашиот круг пријатели“, напиша во својот блог Нејтан Шарп, кој го води овој проект.

„Фејсбук дејтинг нема да ве спојува со пријатели, освен доколку не ја активирате опцијата ‘тајна симпатија‘ и двајцата се додадете на листа. Наоѓање партнер е крајно приватна работа и затоа го направивме Дејтинг да биде безбеден“, вели Шарп.

Фејсбук дејтинг ќе биде бесплатен, за разлика од некои други слични сајтови и апликации.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here