Хари Стајлс за да се одбрани од обожувателките, ангажирал вистински џин.

Иако пејачот Хари Стајлс е висок 183 сантиметри , покрај телохранителот висок 30 сантиметри повеќе изгледа како џуџе.

Деновиве, Хари Стајлс во рибарското село Свети Абс во Шкотска, снима видео за новиот сингл, кој неговите фанови со нетрпение го очекуваат.

Loading...

Со оглед на тоа што Сент Абс има само 1000 жители, мега-популарниот пејач, кој е познат уште и како член на бендот One Direction, сметаше дека е невозможно да исчезне во толпата и за да се одбрани од девојчињата кои буквално го следат, мораше да ангажира телохранител.

Изборот падна на тетовиран „џин“ висок дури 213 сантиметри, покрај кого Хари со своите 30 см помалку стана предмет на шега.

Папараците ги снимија музичарот и новиот телохранител  непосредно по нивното враќање од Шкотска додека се шетаа низ Лондон.

Инаку, 25-годишниот Стајлс ретко излегува од куќата без придружба. Додека го правеше својот прв филм „Данкирк“ во 2016 година, тој беше единствената sвезда што имаше телохранител на сетот.

– Требаше да има дневна и ноќна заштита. Неговите обожаватели постојано влегуваа во сетот, беше неподносливо – изјави извор близок на пејачот и актерот во тоа време.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here