Што е подобро за здравјето, брзото одење или трчањето?

0
6

Брзо одење или пак трчање? Која е подобрата опција за вашето здравје? Според истражувањата иако од двете опции ќе имате бенефит, ако веќе треба да бирате тогаш подобро е да се одлучите за брзото одење.

Според студијата која ја објави Guardian, кога ќе се спореди потрошувачката на енергија од двете активности брзото одење поефективно влијае врз намалувањето на ризикот од срцеви болести.

Loading...

До овие резултати е дојдено преку споредба на две групи од кои едната ја сочинувале луѓе кои практикуваат брзо одење, а другите трчање. Излезе дека при потрошувачката на истото количество енергија оние кои практикуваат брзо одење имаат поголем здравствен бенефит од другите.

Истражувањето вели дека брзото одење подобро влијае врз спречувањето на покачен крвен притисок, како и врз намалување на холестеролот, додека пак и двете активности подеднакво се добри кога станува збор за намалувањето на ризикот од појава на дијабетес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here