Што му се случува на телото кога внесуваме премногу шеќер?

Постојат полно митови поврзани со тоа како шеќерот влијае на нашето здравје, но и вистинитите и невистинитите имаат нешто заедничко, а тоа е фактот дека премногу шеќер е штетен за нашиот организам. Еве неколку посериозни последици од консумирање на премногу шеќер:

1) Дебелеење



Бројни студии ја докажале поврзаноста помеѓу консумирање на храна и пијалаци кои содржат многу шеќер, и дебелеењето.

Кога консумираме повеќе шеќер отколку што телото може да искористи, тоа го конвертира во масна киселина која е складирана во адипозните масни клетки кои ги има во бедрата, рацете и стомакот.

2) Расипување на забите

Спротивно на вообичаеното верување, самиот шеќер не ги предизвикува шуплините во забите, туку тоа го прави киселината креирана од интеракцијата на шеќерот со површината на забите.

3) Проблеми со кожата

Loading...



Храната богата со шеќер, како и одредени млечни производи можат да предизвикаат проблеми со кожата како акни, осипи и сл.

4) Зголемена желба за јадење слатка храна

Кога јадеме храна богата со шеќер, нашиот мозок ослободува допамин – хемикалија која нè прави да се чувствуваме убаво и се ослободува при секс или позитивна човечка интеракција.

Во една студија, кога на глувците им бил даден неограничен пристап кон шеќер, тие покажувале знаци на зависност од него.

5) Ризик од пред-дијабетес

Кога се јаде било што содржи глукоза, телото ослободува инсулин кој помага телото да ја процесира во енергија. Проблемот настанува кога се внесува премногу шеќер одеднаш, бидејќи тогаш се ослободува преголема доза на инсулин што подоцна може да доведе до развивање на хипогликемија или инсулинска резистентност.

Со инсулинска резистентност, телото не може правилно да ја апсорбира глукозата доволно брзо, што предизвикува таа да се наталожува во крвотокот и црниот дроб, што пак може да доведе до пред-дијабетес и евентуално дијабетес (во зависност од разни генетски фактори)

6) Депресија и анксиозност



Исхраната богата со шеќери е поврзана со инфламација на организмот, што пак е силен индикатор за депресија и високо ниво на стрес.

7) Срцеви заболувања

Исхраната богата со шеќер може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања – студија покажала дека партиципантите кои консумирале 17% до 21% од калориите во текот на денот кои што потекнувале од шеќери имале 38% поголем ризик од морталитет од кардиоваскуларно заболување.

8) Заболувања на црниот дроб

Овие заболувања обично ги поврзуваме со злоупотреба на алкохолот, но истражувањата сугерираат дека шеќерот може да причини штета на црниот дроб скоро еднаква како таа од алкохолот.

Хроничната малапсорбција (нарушување при искористувањето на хранливите материи) на шеќерот може да предизвика замастен црн дроб и стеатохепатит , што во суштина е оштетување на црниот дроб поради кое се создаваат лузни во обидот самиот да ги заздрави.

9) Проблеми со меморијата/деменција


Студија од 2015-та потврдила дека исхраната богата со шеќер директно може да влијае на способноста на мозокот да ги задржува краткотрајните и долгорочните мемории. Во неа, било откриено дека по само 4 недели исхрана богата со шеќери и масти, лабораториските глувци имале намалени когнитивни способности.

Студија од 2017-та ја потврдила оваа теорија докажувајќи поврзаност помеѓу високото ниво на шеќер во крвта и прогресијата на деменцијата или Алцхајмеровата болест.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here