„Ѕвездени патеки“ слават 50 години

Љубителите на серијалот се собираат викендов во Њујорк на тридневна конвенција по повод 50- годишнината од почетокот на научно фантастичната приказна

Првата епизода на „Ѕвездени патеки“ беше емитувана на 8 септември 1966 година, а во текот на наредните пет децении вкупно се снимени шест телевизиски серии и 13 филмови. На конвенцијата во Њујорк се собрани многубројни фанови, а организаторот како главен настан го најавуваат мега квизот на кој натпреварувачите ќе може да го проверат своето знаење за серијалот.

Loading...

„Ѕвездени патеки се една голема заедница, а обожавателите се важен дел од неа. И јас сум обожавател и да не сум од оваа страна на масата, веројатно би бил од другата страна, рекол актерот Ливар Бартон, кој го игра наредникот Џорџ Ла Форџ, во серијалот „Ѕвездени патеки: следната генерација“. Неверојатно е дека 50-годишното филмско патување низ просторот и времето не покажува знаци на замор.

Следната телевизиска серија со тринаесет епизоди „Ѕвездени патеки: дискавери“ се очекува на почетокот на 2017 година

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here