Џастин Бибер „Не сум добар, молете се за мене“

0
58
Фото: Инстаграм

Џастин Бибер им се обрати на неговите обожаватели преку социјалните мрежи со емотивна порака во која откри дека не се чувствува добро и ги замоли да се молат за него.

„Само сакав да ве известам за тоа што се случува, со надеж дека моите зборови ќе допрат до вас. Многу се мачам. Се чувствувам неповрзано и чудно… Секогаш се враќам, па не се грижам, но само сакав да ви се обратам и да ве замолам да се молите за мене. Бог е верен и вашите молитиви навистина делуваат, фала“, напиша на Инстаграм Бибер.

Loading...

Американските медиуми последниве месеци пишуваа дека Бибер страда од депресија и дека и претходно се лекувал од тоа.

Неодамна во ексклузивно интервју за магазинот Вог, сè уште омилената ѕвезда на тинејџерките Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Болдвин искрено говорат за предизвиците со кои се соочиле во бракот .

Пејачот говори за прекумерната употреба на дрога, за лошите работи што ги правел во екот на славата, за посетите на бордели и сите останати искуства што доаѓаат заедно со популарноста и богатството што тој го стекна многу млад.

Линк до интервјуто на Вог

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here