Викторија Лоба и Тајзи го промовираа летниот хит „Каде сме ние“

 „Каде сме ние“ е новиот летен хит на Викторија Лоба и раперот Тајзи за кој се одржа промоција на видео записот и песната во присуство на нивните соработници, медиуми и пријатели. Песната е во поп модерен стил, комплетно напишана и продуцирана од композиторот Роберт Билбилов.

-Откако се промовираше баладата Херој, сакав да подарам на љубителите на македонската музика модерен летен хит кој ќе биде за сечие уво, певлив и да те натера во секој момент да танцуваш. Идејата да биде во дует со артистот Тајзи одлично се вклопи за кул музичко дело кое набргу ќе се најде на мојот нов албум, изјави Викторија Лоба на промоцијата.

Loading...

Видео записот е сниман во студиото на Pro Light, режиран, снимен и едитиран од Даниел Јовески.
-Снимањето на спотот помина во одлична атмосфера, спој на работа и забава, креативни во секој момент. Сега веќе се концентрирам на последните подготовки од мојот албум кој ќе биде полн со многу емоции, љубов и труд вложен лично од моја страна и соработниците кои максимумот го извлекоа од мене, додаде Лоба.

Албумот се очекува да излезе на македонскиот пазар ова лето а дело од песните ќе бидат преработени на руски и англиски јазик со цел да се промовираат низ Европа.

“Во ова музичко дело вложивме многу искрени емоции и труд, топло се надеваме дека овој проект ќе допре до сите вас и несебично ќе го споделите ова парче ЉУБОВ  ” Напиша Лоба на фејсбук.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here