Еди Марфи (59) има 5 сина и 5 ќерки од 5 различни врски. Неговите деца се на возраст од 2 до 31 година, а за нив вели дека се „центарот на неговиот свет“.

Неговиот најстар син Ерик Марфи (31) го добил со Полет МекНили, додека синот Кристијан (30) го добил од врската со Тамара Худ. Тој има 5 деца заедно со поранешната сопруга Никол Мичел – ќерките Бриа (31), Шајен (26), Зола (21) и Бела (19), како и синот Мајлс (28).

Loading...

Еди Марфи има дете и со поранешната членка на Spice Girls, Мелани Би (Scary Spice), односно 13-годишната Ејнџел Ајрис Марфи. Неговите најмали деца ги има со вереницата Пејџ Бучер, синот Макс Чарлс кој има 2 години и ќерката Изи (4).

„Благословен сум со моите деца. Немам ниту едно лошо семе. Моите деца се одлични, нормални луѓе и ниту едно не се однесува како холивудски кретен. Моите деца се паметни и се обидуваат да прават различни работи. Благословен сум со нив. Навистина ми се посреќи“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here