Billboard: „Proud“ има потенцијал да го освои првото место на Евровизија 2019.

Светски познатото списание Billboard ја вброи „Proud“ на Тамара Тодевска меѓу песните кои имаат потенцијал да го освојат првото место на Евровизија 2019.

Иако сè уште е рано да се предвиди победникот на овогодишното издание, Billboard ги издвои 12-те песни кои смета дека треба да се издигнат на врвот оваа година.

Loading...

Како причина поради која нашата држава може да победи, тие истакнуваат дека е начинот на кој оваа песна ги слави жените. „Ова издигнување на жените во време на движењето #MeToo би требало да допре до многу гласачи, како и до професионалното жири“ – пишува Billboard.

Со својата песна, Тамара цели да пренесе порака за стереотипите и наметнатите правила за жените. 33-годишната пејачка и нејзиниот тим силно се надеваат дека оваа година ќе влеземе во финалето. Нашата држава се нема пласирано во финале од 2012 година.

На листата се најдоа и Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Швајцарија, Шведска и Холандија.

Најдобар пласман досега постигна Елена Ристеска во 2006 година, кога нè претставуваше со песната „Нинанајна“.

Тамара ќе настапи 17-та по ред во втората полуфинална вечер која ќе се одржи утре во Тел Авив. Финалето е на 18 мај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here