Уредите за подготовка на храна во кујната трошат значителен дел од потрошената електрична енергија во домот. Ви презентираме неколку совети кои можат да допринесат за заштеда:

Рингли

Loading...
  • Најштедливи се керамичките плочи со индукциони рингли.

  • Класичните рингли трошат најмногу електрична енергија.

  • Употребувајте садови кои одговараат на големина на ринглата.

  • Пред да е зготвено јадењето, исклучете ја грејната плоча, која со акумулираната топлина ќе го доврши готвењето.

Рерна

  • Доколку имате можност, набавете шпорет со вентилаторско печење (со врел воздух). Така печењето е побрзо и поефтино.

  • Вратата на рерната отворајте ја само по потреба бидејќи при секое отворање се троши најмалку 20 % од топлината.

  • Рерната исклучете ја 10 минути пред завршетокот на печењето, а создадената топлина ќе биде доволна за да се доврши печењето.

  • Доколку рерната се одржува чиста, потрошувачката на електрична енергија се намалува.

Микробранова печка

  • Идеална е за брзо одмрзнување на храната и погодна е за брзо готвење на храната. Со ова се овозможува помала потрошувачка на електрична енергија.

Експрес лонец и лонец со дебело дно

  • Овозможува заштеда на енергија и до 70%, а овозможува и заштеда на време и квалитетна подготовка на храната.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here