Чоколадниот крем кој сите сме го краделе од кујнските полици и без кој не можеме да ги замислиме палачинките, сега може да си го подготвите сами.

Тајниот рецепт на популарната Нутела го смислил Италијанецот Пиетро Фереро во 1942 година. До денеска се збогатувал со разни состојки меѓу другото и безброј конзерванси и додатоци кои не се баш „слатки“ за нашето здравје.

Loading...

Ви нудиме рецепт како да си направите брзо и лесно, домашен нутела крем со лешници, а притоа да биде здрав и уште повкусен од оригиналниот вкус.

Потребни состојки:

  • 100 грама лешници (без лушпа убаво испечени)
  • 50 грама црна чоколада (70% какао)
  • 50 грама млечно чоколадо
  • 1  голема лажица какао
  • 1/2 стапче ванила (може и 1 лажичка екстракт од ванила)
  • 1 голема лажица масло за јадење

Прво печените лешници ставете ги во блендер кој ќе ги иситни идеално. Потоа наполнете едно тенџење со вода и поставете го на топла рингла да зоврие водата, а откако водата ќе зоврие поставете друг огноотпорен сад врз тенџерето со со зовриена вода и ставете ги чоколадите убаво да се растопат.

Откако чоколадата убаво ќе се растопи додадете ги какаото и екстрактот од ванила и повторно мешајте додека сместа убаво не се соедини.Додека смесата е уште топла додадете ги лешниците кои претходно убаво ги истинивте со блендерот убаво промешајте за секаде да се распоред, а потоа додадете го маслото и мешајте се додека сите состојки не се соединат.

Во чиста тегличка претурете го кремот убаво затворете и оставете го во фрижидер 24 часа (Ако успеете да издржите 24) за убаво да се стегне смесата.

Ако не издржите 24 часа треба да знаете дека и топол е превкусен 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here