R.I.P Koko 😢 Почина најпознатата горила која комуницираше преку знаковен јазик (видео)

loading...

Женката горила Коко, која се појавуваше во многу документарни филмови, умре во резерватот во калифорниските планини Санта Круз. Оваа 46-годишна горила беше во светот позната по тоа што со луѓето комуницираше на знаковен јазик, а починала во вторникот во сон.

Коко допре до милиони животи како амбасадор на сите горили и како икона за комуникација и емпатија меѓу видовите. Таа беше сакана и многу ќе ни недостасува,  соопшти фондацијата „Горила“.

Loading...

Коко сакаше миленици и дури имаше посвоено неколку, вклучувајќи го тука едно маче кое таа го нарекуваше All Ball.

Родена  во 1971 година и одгледувана во заробеништво во зоолошка градина во Сан Франциско.  Докторот Франсис Петерсон почна да ја учи на знаковниот јазик кога таа стана дел од проектот на Стенфорд универзитетот во 1974. година.

Фондацијата навела дека способноста на горилата Коко за учење на јазикот и емпатијата ги изненадило и ги освоило срцата на луѓето ширум светот.

На насловната на магазинот „Нешенел џеографик“ од 1978 година беше објавена фотографијата на Коко која самата себе се фотографираше во огледало.

Просечното IQ  на луѓето на многу тестови е 100, а повеќето имаат резултат меѓу 85 и 115. Коко, за која се зборуваше дека има високо IQ, меѓу 75 и 95, можела да разбере дури 2.000 зборови на говорен англиски. Просечното IQ  на луѓето на многу тестови е 100, а повеќето имаат резултат меѓу 85 и 115.

Нејзиниот партнер Мајкл, кој исто како и Коко знаел да комуницира со луѓето преку гестикулација, умре во 2000 година.

Инаку, Коко во 2016 година го искористи своето знаење на знаковниот јазик на луѓето да им го сврти вниманието на уништувањето на планетата.

Почина Коко 🙁

Почина Коко, горилата која комуницираше на знаковен јазик www.gossip.mk

Gepostet von Gossip.mk am Freitag, 22. Juni 2018

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here