Вкусен и здрав десерт кој ќе ви открие дека постојат и поинакви пудинзи на кои сме навикнале.

Потребно:

Loading...
  • 1 шолја ориз
  • 5 шолји кравјо млеко ½ шолја шеќер
  • 1 лажица спк од портокал
  • 1 јаболко
  • 1 лажичка цимет ½ лажица мед

Подготовка:

Во сад ставете го оризот со една и пол чаша вода. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата, делумо поклопете го садот и оставете да се вари 6-8 минути, додека водата речиси целосно не испари.

Додадете го млекото и продолжете да варите со повремено мешање, додека оризот целосно не омекне, а млекото не се згусне. Додадете го шеќерот и сокот од портокал и продолжете да варите додека не се стопи шеќерот, а потоа оставете малку да се олади. Пред сервирање наросете со цимет, украсете по желба со рендано чоколадо, парчиња јаболко или некое друго овошје и ставете мед.

Овој рецепт традиционално е познат и како сутлијаш. Во продолжение ви нудиме уште една варијата од овој вкусен десерт, овојпат чоколаден сутлијаш.

Ова е една поздрава варијанта без шеќер и без стандардно кравјо млеко.

Потребни состојки за 4 лица:

  • 1 чаша бел ориз
  • 3 чаши бадемово млеко, но може и вода
  • 2 супени лажици мед
  • 1 супена лажица какао
  • ½ мала лажичка цимет.

Начин на подготовка:

Водата или бадемовото млеко ставете ги на оган во тенџере кое не лепи, веднаш додадете го оризот и мешајте. Во почетокот дури зоврие водата или бадемовото млеко потребно е постојано да се меша за да не се залепи.

Кога ќе зоврие водата намалете го на тивко и оставете го да се вари 10-15 минути, повремено промешувајте. Кога течноста ќе се впие во целост додадете го медот, какаото и циметот и гответе уште 3-5 минути. Послужете го чоколадниот сутлијашот топол во мали стаклени чаши за пудинг. На здравје!!!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here